Камала Харис можеби ќе биде демократскиот кандидат за претседател ако Бајден отстапи по катастрофалниот пораз од Трамп во првата дебата. Се чини дека Доналд Трамп е подготвен за тоа, бидејќи Доналд Трамп штотуку го објави ова видео од 59 секунди во кое Харис не кажува ништо освен што повторува иста фраза („значењето на текот на времето“ во првиот пасус и зборот „заедница“ во вториот пасус) неколку пати во една минута:

„Зборувајќи за значењето на текот на времето, нели? Значењето на текот на времето. Значи, кога ќе размислите за тоа, има големо значење за текот на времето во однос на тоа што треба да направиме за да ги поставиме овие врски, што треба да направиме за да ги создадеме овие работни места и има толку големо значење со текот на времето“.

„Значи, важноста на основата на заедницата е, тие се, како што се нарекуваат, тие се во заедницата, предводени од членовите на заедницата. Тие се луѓе кои го разбираат капацитетот на заедницата, потребите на заедницата, културата на заедницата е возбудлива“.

Еве тоа е тоа што Харис го кажа. Нема грешки во преводот, едноставно ништо не се разбира. И Трамп е подготвен за неа.