Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис одобри барање за продолжување до 31 јануари на ангажирањето војници на јужната граница со Мексико, соопшти Пентагон.
Барањето за продолжување од 45 дена беше упатено од Министерството за внатрешна безбедност.
Според неименувани претставници бројот на војници би требало да биде намален на околу 4.000 од 5.400.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно нареди распоредување војници на границата со Мексико, како одговор на краванот мигранти кои од земјите од Централна Америка се движат кон САД.