На летот на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ од Агадир, Мароко до Лондон, избила масовна тепачка меѓу патниците, поради што пилотот принудно слетал, објави „Њујорк пост“.

Весникот наведува дека инцидентот кој се случил на 3 јули почнал уште пред полетувањето кога еден од патниците побарал да го смени седиштето.

Тепачката избила на летот за лондонскиот аеродром Станстед, а патниците врескале еден кон друг додека персоналот на авиокомпанијата давал се од себе за да ги смири.

„Беше толку стресно. Тоа беше како пекол. И се ескалира кога еден човек сакаше да го смени седиштето“, раскажа патник на летот.