Премиерот Христијан Мицкоски која ја предводи владината делегација во Вашингтон на НАТО Самитот по повод 75 години од формирање на Алијансата, вчера присуствуваше на вечерата во Белата куќа организаирана од американскиот претседател Џо Бајден за шефовите на држави и влади учесници на Самитот.
-Присуствував на вечерата во Белата куќа која ја организираше претседателот на САД, Џо Бајден за шефови на влади и држави по повод 75 годишнината од НАТО. Оваа можност ја искористив да лобирам за Македонија и да испратам порака дека регионот наместо со минато потребно е да се занимава и гради иднина. Потребен е нов пристап и политика на аргументи, напиша Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.
Мицкоски на социјалните мрежи објави дека на маргините на НАТО Самитот имал динамичен ден со многу средби при што разговарал со црногорскиот премиер, хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, а ги издвои и состаноците и средбите со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со шпанскиот премиер Педро Санчез, како и со соседите, бугарскиот и албанскиот премиер. Во разговорите втората порака која ја испратил е дека помина времето на корумпирани политичари кои што доаѓаат од земјава и дека мораме да зборуваме како вистински партнери, како соседи, бидејќи партнерството и добрососедството е двонасочна улица.
Со неговиот албански колега Еди Рама фокусот бил на развојот на регионот и градењето добри односи низ рамноправен дијалог.
-Остварив средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Регионот може да се развива само доколку забрзано се работи за иднината и просперитетот на сите граѓани. Да се фокусираме околу точките кои не обединуваат и се основа за развој и градење на добри односи. Време е да се отпочне ново време на рамноправен дијалог и искрени пријателства, порачал Мицкоски.
Тој и со порака дека ќе дадат се од себе да го повратат загубеното достоинство.
-Уште еднаш би сакал да ви посакам едно големо Македонијо ве сакаме и бидете горди бидејќи навистина даваме се од себе да го повратиме она изгубено достоинство кое што изминатите седум години, за жал го немавме, не се само овде во Вашингтон, туку насекаде во Светот бидејќи не претставуваа политичари, кои за среќа на граѓаните се сега веќе минато.
Фото: Христијан Мицкоски фб