Најмалку две лица загинаа, а 32 се повредени, од кои четворица потешко, кога туристички автобус удрил во ѕид од куќа во турската провинција Мугла, јавуваат турските медиуми.
Автобус што превезувал локални туристи на еднодневна екскурзија удрил во три паркирани автомобили во квартот Ула на влезот во градот Акјака откако откажале сопирачките и застанал дури откако удрил во ѕид од куќа – се наведува во извештајот.
Од ударот неколку патници биле исфрлени од автобусот, а неколку лица останале заглавени во возилото, спасени се од противпожарните бригади, јавуваат медиумите.
Екипите на итната помош ги превезуваат повредените во околните здравствени установи.