Американката Сандра „Сенди“ Хем (64) е ослободена откако поминала 43 години во затвор поради убиство кое не го извршила. Имено, Хем имала 20 години кога била прогласена за виновна за убиството на вработена во библиотека, Патриша Јешка од Мисури во ноември 1980 година. Таа е осудена на доживотен затвор. Немало докази кои ја поврзуваат со злосторството освен признанието што го дала под дејство на силни седативи во психијатриска болница, јавува Би-Би-Си.

Хем, која сега има 64 години, е жена со најдолг стаж во историјата на САД за злосторство што не го извршила, изјавија нејзините адвокати. Нејзиниот правен тим во Проектот „Невиност“ рече дека се благодарни што Хем конечно се сретна со своето семејство и ќе продолжи да се бори да го исчисти нејзиното име.

Иако повеќе не е во затвор, нејзиниот случај се уште се разгледува.

Локалната полиција ги игнорирала доказите дека виновникот е нивен колега

Прегледот на случајот покажа дека локалната полиција игнорирала докази кои директно укажувале на еден од нивните полицајци, Мајкл Холман, кој подоцна завршил во затвор за друго кривично дело и починал во 2015 година.

Камионот на Холман бил виден во областа на денот на убиството, неговото алиби не можело да се потврди, а тој ја искористил кредитната картичка на Патриша Јешка откако тврдел дека ја нашол во ров. Во домот на Холман биле пронајдени и пар препознатливи златни обетки, идентификувани од таткото на убиената Јешка.

Ништо од ова не му беше откриено на правниот тим на Хем во тоа време, според прегледот на случајот.

Немаше форензички докази кои ја поврзуваат со убиството

Неколку пати била испрашувана во полиција под дејство на антипсихотици откако завршила на лекување во психијатриска болница. Таму одела на лекување од 12-годишна возраст.

Нејзините одговори беа „едносложни“ и „не беше целосно свесна за тоа што се случува“, покажаа судските документи, а понекогаш едвај можеше да ја држи главата нагоре и страдаше од грчеви во мускулите – несакан ефект на лекот.

Прегледот на случајот рече дека нема форензички докази кои го поврзуваат Хем со убиството. Таа немала мотив и немало сведоци кои би ја поврзале со злосторството.