Коалицијата ВЛЕН го истакнува недвосмисленото единство и посветеност на заедничките принципи, вредности, идеологија и програмски заложби. Како што споделивме со јавноста, ние сме посветени ВЛЕН да прерасне и да се развива во политичко движење кое ќе одговори на потребите на Албанците со добро дефинирани стратешки чекори, се истакнува во денешното соопштение на Коалцијата ВЛЕН (ВРЕДИ) на политичките партии на Албанците во власта на Република Македонија.
Во продолжение целото соопштение:
Во овие времиња на тектонски политички промени, во кои ДУИ и нејзините сателити во опозицијата секојдневно клеветат, измислуваат и подготвуваат амбиент за оспорување на придобивките на Охридскиот договор заради заштита на криминалот, од суштинско значење е да се обединуваме уште посилно и да работиме заедно за да одговориме на потребите на граѓаните, особено Албанците. ВЛЕН е изграден врз принципите на правда, транспарентност и посветеност за обезбедување повисок животен стандард на граѓаните. Нашата политичка издржливост е нашата најголема сила и претставува вистинска гаранција дека граѓаните можат да се потпрат на нас за ефективно и правично служење исклучиво во нивен интерес.
Нашата цел е ВЛЕН да биде политичкиот партнер кој не само што ќе ги идентификува и решава секојдневните проблеми на Албанците, туку и ќе нуди конкретни и остварливи решенија за поставување фундаменти за сигурна иднина. Сметаме дека со добро дефинирани чекори и одлучни делувања можеме да ги донесеме потребните промени и да изградиме подобро утре за сите.
Почитувани граѓани, после формирањето на Политичкото координативно тело на ВЛЕН следи и формирањето на Комисијата за прашањата на изборите, именувањата и надзор на спроведување на политиките.
ВЛЕН останува посветен на својата мисија да ги заштити и промовира интересите на граѓаните и да обезбеди правично и одговорно владеење. Заедно ќе продолжиме да одиме напред со храброст и одлучност.
ВЛЕН е единството на Албанците!
Коалиција ВЛЕН