Македонскиот олимписки комитет денес ги промовира македонските натпреварувачи кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Париз.
Шефот на македонската делегација на Игрите во Париз, Владимир Богоевски на прес-конференцијата пред заминувањето на Олимпијадата кажа дека поради здравствени проблеми настапот мораше да го откаже пливачката Ива Петровска.
Така на ЛОИ 2024 ќе отпатуваат шест македонски спортисти: Владимир Егоров, борење (до 57 кг слободен стил); Никола Ѓуретановиќ, пливање (400 метри слободно); Анастасија Мојсовска, стрелаштво (10 метри воздушна пушка); Еди Шерифовски, џудо; Мила Релиќ, таеквондо; Дарио Ивановски, атлетика (маратон).
Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Рељиќ.
Македонија свои претставници ќе има и помеѓу делителите на правдата. Во ракометот тоа ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.
Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.
Фото: МИА