Еве обвинителот и покрај системот на хиерархија и субординација, нека ја убеди јавноста дека постапил законски и нека ги открие причините зошто го одзел предметот од обвинителката која го работела, изјави за Канал 5 новинарот Саше Димовски, кој во Сведок мк. прв објави дека е затворен случајот за бонусите во СЈО.

Секако вели Димовски мора да има службена белешка за предметот од која ќе се утврди дали случајот бил целосно истражен.

-Спорно е што тој го одзел незавршениот предмет од обвинителката во последна фаза и ја отфрлил пријавата. Ако вештачењето утврдило дека се било законски со бонусите зошто јавноста не била известена за да нема сомнеж .Никој од екс обвинителите од СЈО не бил повикан да даде исказ, а пријавата е отфрлена само врз основа на вештачењето.Обвинителката не сакала да го затвори предметот, немало елементи да ја затвори пријавата и екла „не сакам да завршам во затвор ако ја затворам пријавата“, вели меѓудругото Димовски.

Целиот извештај погледнете го во видеото.