Муртаза Ахмади седумгодишен фан на фудбалерот на Барселона, Лео Меси, кој стекна интернет-слава со својот дрес што сам го направи дома, мораше да го напушти својот дом во југоисточната покраина Газни поради напади на талибанците.
Семејството на Муртаза е меѓу луѓето кои мораа да го напуштат Џагори откако талибанците го нападнаа тоа подрачје во ноември. Семејството најмило мала соба без греење во Кабул.
Малиот љубител на фудбал привлече внимание на социјални мрежи откако беше фотографиран со „дрес“ од сино-бела пластична кеса на која напиша Меси и бројот 10. Откако се прошири „приказната“ и до Меси, тој се сретна со него во Катар во 2016 година.