Aмериканската морнарица почна да подготвува испловување воен брод во Црното Море и побараа од Стејт департментот за тоа да ја извести Турција. Тоа го потврдија тројца американски официјални лица за Си-Ен-Ен.

Потегот е одговор на руското запленување украински бродови во Керченскиот теснец што ги поврзува Црното Море и Азовското Море, нагласуваат изворите.

САД се обврзани да ја известат Турција за преминување на воен брод низ тој теснец според Конвенција од Монтро од 1936 година која уредува минување воени бродови низ Босфорот и Дарданели, што ги спојуваат Средоземното Море и Црното Море.

– Нашата американска шеста флота е секогаш подготвена да одговори кога е потребно, изјави командант Кајл Пејнс, портпарол на флотата која надгледува поморски операции во регионот.