Претседателот на САД, Доналд Трамп нагласи денеска дека популарноста која едвај му е над 40 отсто, би требало да биде 75 отсто.

На Твитер објави дека: „Без лов на вештерки за руската истрага и се она што ние го направивме во последните две години, мојата популарност требаше да биде 75 отсто наместо 50 отсто според последните податоци на Расмунсен (агенција за анкети).

– Тоа се нарекува претседателско тормозење, дополнува тој.

Според последните бројки од сајтот FiveThirtyEight кој објавува секојденевн рејтинг на претседателите, и кои користат податоци од неколку социолошки институти, 42,1 отсто од Американците му даваат поддршка на Трамп во раководењето на државата.