Фудбалерите на Мароко го освоија бронзениот медал откако триумфираа против Египет со 6-0 на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Езалзули погоди во 23. минута за водство од 1-0, а тоа беше само почетокот на дебаклот на Египет, кој прими уште еден гол до крајот на првите 45 минути од Рахими.

Ел Канус во 51. минута зголеми на 3-0, а потоа стрелаа Рахими, Нахач и Хакими за конечни 6-0 во битката за бронзен медал. Во финалето в петок ќе се соочат Франција и Шпанија.