ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува иницијативата на ВЛЕН за уставниот амандман со кој евентуалните кривични дела извршени при вршење на должноста никогаш да не застарат.

Нашиот став е дека со постојната законска регулатива и вкрстувањето на базите на податоци може да се бори против корупцијата. Она што досега недостасуваше е политичката волја за расветлување на овие случаи. За преиспитување и одговорност за криминал, може и треба да се плашат сите оние кои згрешиле пред законот. И треба да знаат дека правда ќе има. Наскоро ќе почнеме со истрага на сите случаи за сите видови корупција“, изјави Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Одговарајќи на барањето на ДУИ за меѓународен ветинг, вчера коалицијата ВЛЕН предложи промена на Уставот. Според албанските партии на власт, со овие измени ќе се ревидираат сите процедури на функционерите кои се прекинати поради застареност на делата.

„Законите може да имаат ретроактивно дејство и во случаите поврзани со застареноста на кривичната одговорност за злоупотреби сторени од избрани и именувани функционери при вршење на јавни должности, каде што е причинета штета на јавни средства и буџетски средства на централно и локално ниво. , а каде со тие злоупотреби е стекнато незаконско богатство“, рече Фари Хисени, ВЛЕН.