И денеска 13 ден по ред, продолжува битката со огнената стихија што ја зафати Галичица, а во утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи овој пожар е евидентиран како активен. Од Националниот парк известија дека силите кои се на терен се обидуваат да воспостават контрола врз огнот, кој зафати над 6500 хектари површина, од кои 40 проценти е шума, а останатото сува трева и ниска вегетација. Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, утрово   најави воздушна поддршка за пожарот на Галичица.

„Акцијата за гасење на пожарот на Галичица продолжува денес со гасење и од воздух. На помош денес ќе дејствуваат два хеликоптери.Гасењето на пожарот ќе се одвива и од копно каде делуваат пожарникарите од ТППЕ Охрид, вработени во

Национален парк “Галичица “, ДЗС и ЦУК, како и членови на службата за спасување на планина и волонтери, соопшти Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид. 

Гори шума и во Стогово, над мијачкото село Гари, кое е популарна туристичка дестинација во лето, а жителите и туристите по социјaлните мрежи бараат надлежните да помогнат и да го спасат живописното место. Од ЦУК информираат дека состојбата во Гари се следи,   веќе е направен план  за одбрана на селото доколку има потреба, а ќе се направат и проценки за вклучување на воздухопловите.  Командирот на противпожарната единица на Дебар, Џетан Мифтаровски  уверува дека засега нема никаква опаснoст по ниту едно од населените места во околината.

-Состојбата е смирена, пожарoт од двете страни е целосно под контрола, а третата страна е на кај планината, а не во правец на селото,  за кратко време и тоа ќе биде под контрола. Во овие 4 дена воопшто селото не било во опасност. Гаснеме со сопствени сили и сила на шумското стопанство. Ова е 4 ти  ден кај што гасниме без друга помош, вели Џетан Мифтароски, командир на ТППЕ Дебар.

Слабиот дожд кој заврна синоќа, беше доволно да помогне да се изгаснат   пожарите кои со денови беснееја во битолскиот дел на Мариово, но пожарникарите на терен ја следат состојбата, вели  градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

ОД ЦУК информират дека денеска се активни 13 пожари, а 8 се под контрола.