Мета, матичната компанија на Фејсбук, Вотсап и Инстаграм откри траги од обиди на иранска хакерска група да хакира сметки на Вотсап на американски функционери поединци поврзани со администрациите на американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението на веб-страницата на корпорацијата се вели: „По истрагата за жалбите на корисниците, нашите безбедносни служби блокираа мала група на сметки на Вотсап…Истрагата откри врска со иранската хакерска група APT24 за која Мета тврди дека се занимава со онлајн фишинг за да таргетира политичари и дипломати.

Нападнатите сметки не беа хакирани.

Американските разузнавачки агенции овој месец соопштија дека Иран се обидел да се меша во кампањата за претседателските избори во САД со спроведување на кибер операции против изборниот штаб на републиканецот Доналд Трамп и демократската претставничка Камала Харис.