Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека Будимпешта се противи на удари со оружје со долг дострел на руска територија бидејќи, како што наведе, тоа повлекува ризик од сериозна ескалација на конфликтот.
„Ако има сè повеќе и повеќе оружје во Украина, ако има далекосежни удари на руска територија, ќе има поголема опасност од ескалација, а опасноста од војна ќе стане посериозна“, напиша Сијарто на „Фејсбук“ пред денешната средба на министрите за надворешни работи и за одбрана во Брисел.
Сијарто оцени дека она што може да се види на многуте видеа, на кои се гледа како сиромашните Украинци се носат на фронтот, каде што повеќето од нив во основа чекаат да умрат, е брутално.