Пекарница во париско предградие смисли оригинален начин како да ја покаже солидарноста кон движењето жолти елеци.
Почна да подготвува колачиња, кои ги симболизираат демонстрантите, што три недели ја тресат Франција.
„Нашите колачи наидоа на симпатии кај речиси сите муштерии и интересот е навистина голем“, велат од пекарницата, лоцирана во предградието Пуаси.
Пекарите појаснуваат дека колачињата одлучиле да подготват со тажно лице, за да ја претстават тажната состојбата што се случувала во Франција.