На улиците во Париз во моментов владее невидено насилство и неред, а жолтите елеци станаа симбол на отпорот на демонстрантите, но кој всушност стои зад тоа?

Станува збор за Гилсану Кутардју, автомеханичар, кој во своето „ЈуТјуб“ видео ги повика демонстрантите да облечат жолти елеци, елек кој го користи на работа.

-Си помислив: тоа е направено за сите да го видат, тоа е она што го имаме во нашите возила, бидејќи тоа е пропишано со закон. Зошто да не го искористиме како наша боја за препознавање? Само за да видиме дали луѓето се подготвени да излезат и да протестираат. И погодок! Токму тоа се случи, објаснува Кутардју.

На овој чин го поттикнал Ерик Дроует, возач на камион, кој на 17 ноември го повикал на протест, а Кутардју тогаш се сетил дека протестот може да има и симбол, да биде препознатлив – жолт елек. Овој автомеханичар не очекувал дека ќе има толкуголемо влијание со жолтите елеци и е изненаден што луѓето го препознаваат на улица.

„Тоа е неверојатно. Може да се каже дека сум имал добра идеја, но не мислев дека тоа ќе се прошири меѓу толку многу луѓе” ,вели Кутардју.

Запрашан дали е задоволен од движењето на протестите, тој вели дека  луѓето мора да се борат против новите даноци што се воведени, но, му пречи што медиумите покажуваат само негативна слика за Жолтите елеци, односно како тие ја напаѓаат полицијата без причина.

Она што навистина се гледа е дека безбедносните сили едвај да им треба некаков повод за да посегнат по солзавци. Тоа не е во ред. Според мене, полициската тактика е целосен пораз “, вели Кутардју.