Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, вели дека имал „апсолутно право“ да се меша во изборите.

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, кој се соочува со федерални и државни обвиненија за наводен обид да го поништи исходот од изборите во 2020 година, кога загуби од Џо Бајден, вели дека имал „апсолутно право“ да се меша во изборите.

„Кој некогаш слушнал дека може да бидете обвинети за мешање во претседателски избори, кога имате целосно право да го направите тоа“, изјави Трамп за Фокс њуз.

Трамп, кој повторно е републикански кандидат на претседателските избори, не кажа дали безусловно би ги прифатил резултатите од изборите на 5 ноември доколку победи неговата ривалка од Демократската партија, Камала Харис.

Федералното обвинение се однесува на тоа дека Трамп дека ги измамил Соединетите Американски Држави со тоа што го спречил Конгресот да ја потврди победата на Бајден и им го одземал на гласачите нивното право на фер избори.

Минатиот месец, тој се соочи со изменето федерално обвинение кое го товари за незаконски обид да ја поништи својата загуба на изборите во 2020 година.