Во црквите може да се забележат луѓе кои на разни начини ја покажуваат својата побожност. Токму за нив, зборува во една беседа отец Рафаило, игумен во манастирот Подмаине, во Будва, Црна Гора.

– Нашиот народ не знае, па го бакнува тепихот, ја бакнува вазната, цвеќњата, ги бакнува продолжените кабли. Го бакнува свештеникот, го бакнува монахот. Во некоја хипноза. Доаѓаме од тешки помрачувања. Па да ни кажат, немој да го бакнуваш тепихот. Не е смешно. Тоа е толку тажно е. Но, тоа може да се поправи, вели отец Рафаило.