Западното разузнавање има докази дека оваа година Иран извршил најмалку седум тестови со ракети од среден дострел што може да значи и кршење на Резолуција на Советот за безбедност на ОН. Тоа го објави денеска германскиот весник „Велт ам зонтаг“.
Дел од тие проектили може да погодат цели во Југоисточна Европа.
Освен тоа, Иран извршил и пет тестови со ракети од мал дострел со што двојно е зголемен бројот на ракетни тестови во споредба со 2017 година, објави весникот.
На 1 декември американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Техеран изврпил проба со балистичка ракета и покрај Резолуцијата 2231 на СБ на ОН.