Германските железничари ќе штрајкуваат в понеделник на четири часа јакнејќи притисок врз работодавачите поради спор околу платите, најави денеска портапрол на синдикатот на ЕВГ.

Штрајкот ќе погоди патници на локални, регионални и долги линии како и товарниот железнички сообраќај.

Штрајкот е закажан по пропаднати преговори со Дојче бан во саботата.

ЕВГ бараат зголемување на платите за 7,5 отсто, додека државната железница понуди 5 отсто во две фази и еднократна исплата на 500 евра. Во компанијата велат дека одлукат ана синдикатите да прекинат преговори предизвикува „целосно непотребна ескалација“ што ќе наштети на патниците за време на божикните празници.