Најмалку 30 лица, меѓу кои три деца, се повредени откако руска наведувана бомба погоди станбена зграда во северозападниот украински град Харков, соопшти локалните власти, пренесува БТА.

– Ударот предизвика пожар во повеќекатната станбена зграда, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Олег Синегубов. Тој додаде дека има поголема штета на цивилната инфраструктура.

Харков е еден од најголемите градови во Украина и клучен индустриски центар лоциран блиску до границата со Русија. Градот постојано е цел на руски напади со гранати, ракети и беспилотни летала.