Во 2017 производната цена во РЕК Битола е 33 евра и 76 центи, оваа година производната цена е 133 евра кажа министерката за енергетика Сања Божиновска. Оваа состојба е поради нечесно работење, има голема корупција, сите знаеме за увозот на јаглен. Дополнително таа подвлече, тоа не е моја работа, има државен ревизор и други институции кои ќе се занимаваат со тоа. Енормното зголемување на цената не е оправдано.

Во своето гостување на подкастот Бизнис муабети на Фактор, кој се занимаваат со економски теми, министерката Божиновска дополни, увозот на струја се зголемува, бидејќи РЕК Битола не работи колку што е потребно и увозот ние не можеме ниту да го претпоставиме. Еве на пример, минатата недела се случи увоз непланиран за до крајот на месецот и беа потрошени 4 милиони евра. Значи, само за две недели потрошивме 4 милиони евра. Значи, не може ние ништо ни да испланираме, бидејќи сега има нов менаџмент кој треба да се позанимава со што е преостанато од енергетската ситуација. Значи, треба да видиме што до крај на годината. Треба да се прави ремонт, механизацијата се уште не работи и уште многу други работи кои треба да се разјаснат.

Осврнувајќи се на минатото министерката за енергетика Сања Божиновска потенцираше дека Македонија беше енергетски пример во регионот, сега сме во многу лоша состојба

Македонија беше и пред Србија, бевме и пред Косово, и бевме некако пример, МЕПСО беше добар пример, ЕСМ работеше одлично, можевме да бидеме многу по-добри од тоа каде што сме сега. Последните седум години е катаклизма, значи во енергетскиот сектор е многу лоша ситуацијата.

Во врска со трошењето на средствата за време на енергетската криза министерката Сања Божиновска потсети дека, како што кажа, фрлени се околу 400 милиони евра за време на енергетската криза.

Во ревизорскиот извештај нотирани се многу неправилности. Постапка на продавање, на набавка и склучување на тендери во четири очи. Кога бише прогласена енергетска кризна состојба, се може да се набавува во четири очи. Фрлени се околу 400 милиони евро за време на енергетската криза. Со тие пари сме можеле да изградиме некој енергетски објект.