Викендов, за малку беше избегната голема трагедија на натпреварот од Третата лига на Маедонија помеѓу екипите на Речица и Доброште. Најзаслужен за тоа е главниот судија Дарко Радески, кој со херојски потег спаси живот на еден од домашните фудбалери.
На стартот од второто полувреме по еден дуел во воздух, дефанзивецот на Речица незгодно падна на тревата и остана да лежи. Веднаш се заклучи дека ситуацијата е опасна, па затоа главниот судија веднаш дотрчал до фудалерот кој што лежеше на тревата и го извадил јазикот со цел да спречи гушење.
„Фала му на Господ што навремено забележав дека фудбалерот ја загуби свеста и што бев во негова близина за да му помогнам“, за М Нет телевизија изјави судијата Радески.
https://www.facebook.com/watch/?v=1022606792895784