Шефот на НАТО во заминување Јенс Столтенберг им порача на европските лидери да не се плашат од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, туку да соработуваат со него.

Во интервју за Политико, ден пред заминувањето од функцијата, генералниот секретар на Алијансата рече дека скептичните европски влади „треба да направат сè што можат“ за да го убедат Трамп да ја продолжи американската поддршка за Украина, доколку победи на изборите во ноември.

„Кој и да победи на претседателските избори во САД во ноември, мислам дека е важно европските сојузници да се ангажираат за да обезбедат САД да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Столтенберг.