Зарем има поголем доказ да си ја наречеш сопствената нација искомплексирана нација. Зарем треба да покажеме материјален доказ поголем од тој доказ за на еден државен службеник кој што прима плата од истата таа нација да си ја нарече искомплексирана нација, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставници на ССК, во врска со интерпелација на министрите за внатрешни и надворешни работи.

-Мислам дека самиот факт што до овој момент тој господин не ја презел целокупната одговорност за таа своја несреќна изјава доволно говори за неговата личност и за неговиот карактер. Мислам дека немаше потреба ни да чекате ВМРО-ДПМНЕ да поднесе предлог за негова интерпелација во рамките на Собранието на Република Македонија, за истиот да излезе пред оваа вистинска нација и пред граѓаните на Република Македонија и да понесе одговорност и да ја напушти функцијата министер за надворешни работи. За министерот за внатрешни работи не е поднесена интерпелација во рамки на Собранието на Република Македонија, очекувам тоа да се случи во периодот кој што следи, после координација со пратеничката група. Имаме ситуација кога повеќе од две години, вклучително и оној период кога беше технички министер во онаа техничка влада, министерува господинот Оливер Спасовски со министерството за внатрешни работи, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ насгласи дека има голем број на скандали, има голем број на неубави работи кои што се случија во Република Македонија, потфрлања во сите сфери кои што министерството за внатрешни работи како министерство практично е долно да ги управува или разрешува сите оние немили настани.

-Сведоци сме на еден куп убиства во Скопје, пресметки во мафијашки стил во Центарот на градот, кои што кулминираше со овој скандал за снимање на обвинителите и судиите и не компетентноста односно не можноста да министерот за внатрешни работи го открие според ете негово убедување, бидејќи тој вели дека не снимале, но еве ако не снимале зошто тогаш тој скандал не го откриле. Во име на тоа побаравме веднаш под итно формирање на Комисија каде што ќе ја раководи човек кој што ќе биде на предлог на опозицијата, кој што ќе ги анализира, систематизира и преслуша сите оние материјали кои што според министерот сега се наоѓаат на сигурно, во министерството за внатрешни работи. Па да биде јавноста сведок исто како што беше сведок на оние реални шоуа што се случуваа пред две – три години, на сето она кое што се случуваше во судниците кога на подготвени стенограми, определени медиуми известуваа што се зборувало и како се зборувало. Мислам дека јавноста заслужува исто така сега да слушне како комуницирала власта со јавните обвинители, како власта комуницирала со судството, па на тој начин можеби ќе ја откриеме тајната формула зошто немаме осудителна пресуда за Поткуп, зошто случајот Глобал исто така немаме осудителна пресуда, зошто само ВМРО-ДПМНЕ поранешни и сегашни функционери се цел на прогонот од страна на власта на Република Македонија, вели Мицкоски.