Ова е селото Зајас Челикај, во околината на Кичево, се вели во репортажата на ТВ 21. Многу новоизградени и убави куќи, но ретко некој живее таму. По улиците не сретнавме ниту еден жител, затоа почнавме да тропаме по тие врати каде видовме отворени прозорци на куќите. Во неговиот двор го сретнавме чичко Милаим, кој живее со сопругата. Жал му е што никој не се грижи за селото.
„Овде нема луѓе, овде треба да си од некоја партија за да се вработиш, три или четири куќи имаат жители, повеќе нема. Јас имам 67 години, татко ми беше во Германија, ние сме десет деца. Татко ми не ни ги направи документите за да останеме овде. Јас имам четири деца, две ќерки и 2 синови, сите се во странство. Нема луѓе во селото како што и сами гледате“, вели Милаим, жител на селото.
Погоре го сретнавме и Хамдин Бафтири, кој 40 години живеел во странство и сега со сопругата се вратил да живеат тука.
„Во тоа време бевме сиромашни, но беше подобро, имаше повеќе љубов, повеќе луѓе, повеќе посети. Сега е проблем бидејќи малдите заминаа и тие малкумина што останавме седиме сами по нашите куќи“, вели Амди Батири, жител на селото.
ТВ21: Вие живеете само со сопругата, а децата ви се во странство?
Батири: Да, да, во странство се.
ТВ21: Дали сметате дека младите ќе се вратат во нивниот роден крај?
Батири: Многу тешко, многу тешко, овде нема иднина, поради невработеноста младите заминаа во Германија, Швајцарија, Италија.
Ниту чичко Милаим нема надеж дека младите ќе се вратат.
„Никогаш нема да се вратат, никогаш нема да дојдат тука и јас сега мислам да не е направена некоја магија, да, да магија, бидејќи луѓето бегаат вака и војна да беше немаше да има толкаво иселување.“, вели Милаим.
Селото нема ниту канализациона мрежа, а фекалиите течат низ улиците како што може да се гледа, додека улиците се уништени.
Овој мал објект е селското училиште каде има недостиг на ученици како последица на масовното иселување.