Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да се воведе ембарго за оружје на Израел е срамен.

Израел денес се брани на седум фронта од непријателите на цивилизацијата. Додека Израел се бори со силите на варварството предводени од Иран, сите цивилизирани земји треба цврсто да застанат покрај нас, но претседателот Макрон и другите западни лидери сега повикуваат на ембарго за оружје за нас. Срам да им е, рече Нетанјаху, мислејќи на Газа, Либан, Западниот Брег, Јемен, Сирија, Ирак и Иран.

Израелскиот премиер посочи дека Иран не воведува ембарго за испорака на оружје на своите сојузници, додека земјите кои наводно се противат на оваа, како што ги нарече Нетанјаху, „терористичка оска“ бараат ембарго за испорака на оружје на Израел, што е голем срам.

Израел ќе победи со или без нивна поддршка, а нивниот срам ќе трае долго откако ќе ја добиеме војната“, рече Нетанјаху.