Откако новоизбраната портпаролка на Владата, Марија Митева беше поставена на таа фунција, се крена прашина во јавноста заради нејзиниот мандат како пратеничка.

Со оглед на тоа што таа не смее да извршува две фунции, се огласи Митева на фејсбук.

“Ја следам состојбата со реакциите за мое наводно извршување на две именувани позиции и се чувствувам должна за истото да дадам одговор и мој личен, но истoвремено правно поткрепен став по истото и тоа од два аспекти.

Прво и најважно е формалниот правен аспект кој во ниеден случај не е заобиколен, затоа што јас лично вчера веднаш по моето именување за Портпарол на Владата поднесов писмена неотповиклива оставка од позицијата пратеник и формално правно, јас ниту извршувам две именувани позиции истовремено ниту имам законска можност истото да го правам. Воедно, истото го темелам согласно одредбите од Законот за пратеници член 8 став 3 кој вели, цитирам: “Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настануваьето на случаите од ставот 1 точки 2, 3, 4, 5 и 6 на овој член, што Собранието го констатира на првата наредна седница.” А, во ставот 1 точка 3 се вели дека, повторно цитирам: “На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако настапи случај на неспоивост на функцијата.Тоа јасно укажува дека мене мандатот ми е престанат, а Собранието на следната седница истото треба само да го констатира.

Исто така, со поднесената оставка се подразбира дека до одржување на седницата нема да учествувам во работата на Собранието, а професионално ќе ја обавувам позицијата Портпарол на Влада.

Вториот аспект, кој секогаш сум го промовирала е моралниот, со кој не ги обавувам позициите пратеник и портпарол на политичка партија, туку од денес настапувам од позиција Портпарол на Владата, со транспарентност и отчетност пред сите граѓани и така ќе продолжам и во иднина“, напиша таа.