Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера го повика Хезболах веднаш да ги прекине нападите врз Израел и апелираше за итен прекин на огнот во Либан.
– Во Либан треба веднаш да прекинат, истакна Макрон во телефонскиот разговор со претседателот на Парламентот на Либан, Набих Бери.
Макрон исто така упати апел до Либанците „да се обединат во име на единството и стабилноста на земјата“ и да ја поддржат „сеопфатна политичка програма заснована на изборот на претседател, кој ќе гарантира национално единство“.
Тој го потврди „ангажманот на Франција во УНИФИЛ и повторно изрази „загриженост поради неоправданите напади врз мировниците во последно време“.
Макрон најави и дека во Париз на 24 октомври ќе биде организирана Меѓународната конференција за поддршка на народот и суверенитетот на Либан.
Претседателот на Франција телефонски разговараше и со премиерот на Ирак, Мохамед Шиа ал Судани, при што потенцира дека не смее да се дозволи земјата да биде вовлечена во конфликт.
фото: МИА архива