Културата и спортот важат за надобри репрезенти на една нација и една држава воопшто во светот. За жал, последниве години културата како да беше запоставена, забошотена, „фрлена“ на маргините на општеството во Република Македонија, вели министерот Зоран Љутков во интервјуто за порталите Вистина и Курир.


Уште во предизборието ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ветуваа дека кога ќе дојдат на власт и во овој сегмент работите радикално и драстично ќе се променат. Сега, кога тие ја формираа новата влада, го ветуваат истото.

Што од сето тоа е направено во првите сто дена од нивното владеење, кои се приоритетите во културата и колку од замисленото и ветеното е реализирано, а што останува за понатаму, каква е состојбата со културното наследство, што со „Универзална сала“ – како единствена концертна сала во престолнината која никако да се реновира и профункционира, какви се промените и новите начини и што тие ќе донесат во областа на финансирањето на државата на проектите од култуата и уметноста, каква е состојбата со културните институции од национален интерес…?

И уште дузина други прашања на кои посакавме да ги добиеме одговорите од актуелниот министер за култура и туризам на Република Македонија, Зоран Љутков, можете да ги проследите во интервјуто во продолжение, кое деновиве со него го направивме за медиумите на ЕМ Медиа, порталите Вистина.ком.мк и Курир.мк