На крајот на вториот квартал од 2024 година, јавниот долг на земјите од еврозоната се зголеми од 87,8 отсто во првиот квартал на 88,1 отсто од БДП, објави Евростат.
Во Европската унија, јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2024 година изнесува 81,5 отсто од БДП, што претставува зголемување од 0,2 процентни поени во однос на претходниот квартал.
Најзадолжена земја на Европската унија во наведениот период е Грција со долг од 163,6 отсто од БДП, потоа Италија со долг од 137 отсто од БДП, како и Франција со долг од 112,1 отсто од БДП.
За разлика од нив, најмалку задолжена земја во еврозоната е Бугарија со долг од 22,1 отсто од БДП, потоа Естонија со 23,8 отсто од БДП и Луксембург со 25,7 отсто од БДП.
Податоците за задолженоста на еврозоната и Европската унија на крајот на третиот квартал од 2024 година ќе бидат објавени на 22 јануари 2025 година, се додава во соопштението.