Д-р Дрган ДАНИЛОВСКИ
Денеска се вакцинирав против сезонскиот грип во Центарот за јавно здравје – Скопје, како припадник на генерацијата 65+ (71)!
P.S. Да потсетам, покрај возрасната група 65+, ризични групи уште се и граѓаните со хронични болести, компромитиран имунолошки систем, трудниците, здравствените работници, оние кои живеат во „старски“ домови, вработените во тие домови и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.
Ваквиот вид вакцини против сезонски грип (т.н. инактивирани или „мртви“) за прв пат се лиценцирани за широка употреба во 1945 година Америка (САД). Ефикасни се и безбедни. Народот би требало да има малку повеќе доверба во тоа што ќе му го советуваат докторите, а не да подлегнуваат на лажни вести од разни други извори. Што мислите, ќе се вакцинирав ли, ако имав сомнеж во вакцината?