Најмалку 95 загинати има во страшната поплава што ја погоди Шпанија, а бројката може драматично да се зголеми. Поплавени се градови и села.

Службите за итни случаи во источниот регион на Валенсија ја потврдија смртта на 92 луѓе. Уште две жртви се пријавени во соседниот регион Кастиља Ла Манча, додека уште еден смртен случај е пријавен во Андалузија.

Во погодените области се распоредени спасувачи и повеќе од 1.100 војници од единиците за итни случаи на Шпанија. Ваква поплава во земјата немало со децении.