Кога сите очекуваа крај на мечот без голови на вечното дерби, спектакл и еуфорија во Битола. Во историскиот прв меч под рефлектори во градот на Конзулите, на стадионот „Петар Милошевски“, од нигде никаде, Мирко Ивановски погоди и донесе победа за Пелистер, оставајќи ги вардаровите фудбалери во целосен шок.
Во еден слаб натпревар, во повеќе тактичко надмудрување, без многу шанси на двете страни, на крајот радоста за битолските навивачи, за тој еден погодок. Веднаш по него Мирко Ивановски доби и исклучување, втор жолт картон за радоста кај „Чкембарите“.
Неверојатно е како Вардар го загуби овој натпревар, ако се има во предвид дека по слабиот прв дел на двете страни, во вториот дел „црвено-црните“ беа подобар ривал. Имаа во серија три убави шанси, а во финишот и одбрана на Јовчевски која ги остави во игра пелистерци дека ќе останат непоразени.
Меѓутоа после една навидум безопасна акција и долга топка во шеснаесетникот, се одби до Ивановски кој од прва го совлада Гачевски на голема радост на битолските навивачи.