Претседателот на САД, Џо Бајден и ја честиташе победата на вчерашните претседателски избори на Маја Санду, истакнувајќи оти не успеале обидите на Русија да го поткопа изборниот процес во Молдавија.

– И честитам на Маја Санду за нејзиниот историски реизбор за претседател на Молдавија. Со месеци Русија се обидуваше да ги поткопа демократските институции и изборните процеси на Молдавија. Но, Русија не успеа, посочи Бајден.