Според неа, таа и нејзиниот противкандидат, републиканецот Доналд Трамп, нудат „две многу различни визии за иднината на нацијата“.

Демократската кандидатка на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), Камала Харис, денеска ги повика Американците да „излезат и да гласаат“ за време на интервјуто за локалното радио во Џорџија.

„Ги охрабрувам сите да излезат и да гласаат“, рече Камала Харис оценувајќи дека денешните избори се „пресвртница“.

Според неа, таа и нејзиниот противкандидат, републиканецот Доналд Трамп, нудат „две многу различни визии за иднината на нацијата“.

Во САД денеска има претседателски избори со неизвесен резултат според последните истражувања на јавното мислење.