Пропадна обидот да се изгласа легализирање на рекреативната употреба на марихуана на Флорида, јавија денеска американските медиуми.
И покрај поддршката и од Демократската партија на Флорида и од поранешниот претседател Доналд Трамп, амандманот 3, кој би ја легализирал рекреативната употреба и производството на марихуана во таа држава, не ја доби поддршката од 60 отсто од гласачите потребна за усвојување на уставниот амандман, пренесува Ен-Би-Си Њуз.
Сегашните закони во Флорида дозволуваат медицинска употреба на марихуана доколку лекарот смета дека е неопходно за време на лекување на пациенти со глауком, рак и епилепсија, но рекреативната употреба на марихуаната останува нелегална во Флорида.