Кон Дијарбекир бил пренасочен авионот СанЕкспрес на летот Анталија-Ван поради неидентификуван објект кој се појавил на небото над Ван.

По полетувањето од Анталија во петокот во 17:05 часот, патничкиот авион морал да ја промени маршрутата откако добил предупредување од контролната кула при слетувањето во Ван, пренесе Ган Хабер.

Патниците во авионот, кој според упатствата на контролата на летот слетал на аеродромот во Дијарбакир наместо на аеродромот во Ван, за ситуацијата биле информирани од кабинскиот екипаж.

По тој инцидент, екипите на Одделот за воздухопловство на полициската управа Ван извршија детално скенирање на воздушниот простор со помош на дронови против можна безбедносна закана.

Меѓутоа, за време на опсежното истражување, наводно не бил пронајден никаков предмет на небото.

По принудното слетување во Дијарбекир, авионот на линијата Анталија-Ван со мерки на претпазливост сепак ги однел патниците до Ван каде доцна синоќа во 22.10 часот слетал.