Манчестер Сити доживеа четврти пораз во низа

/ 09.11.2024

Шпанскиот фудбалски стручњак, Пеп Гвардиола е во најлошата серија на порази во кариерата.

Вечерва Манчестер Сити загуби со 2:1 од Брајтон на гости во 11. коло од Премиер лигата. На 30 октомври „граѓаните“ беа поразени од Тотенхем (2:1), на 2 ноември поуспешен од Сити беше Борнмут (2:1), а на 5 ноември – Спортинг (4:1).

Гвардиола досега никогаш не загубил толку натпревари во низа. Тој е во Сити од 2016 година, а претходно беше тренер на Баерн и Барселона


Од истата категорија