Меланија Трамп даде интервју за Си-ен-ен во кое откри што ѝ е најтешко откако стана прва дама на САД.
Сопругата на Доналд Трамп од почетокот не крие дека не ѝ прилега да биде во центарот на вниманието во целиот свет, а сега ги обвини луѓето кои благодарение на нејзиното име градат кариера.
– Најтешко ми е кога опортунистите градат кариера на сметка на моето име и името на моето семејство. Тоа се различни комичари, новинари, забавувачи… Проблемот е во тоа што и тие пишуваат историја, а во овој случај таа историја не е вистинита. Сакаат да се фокусираат на озборувања и тоа многу ми пречи – рекла Меланија која во новото интервју се појави и со нова фризура.
Првата дама сега е русокоса и изгледа одлично. Неодамна, исто така, за Си-ен-ен рекла дека таа во моментот е најмалтретираната личност во светот.