Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, порача, откако Соединетите Американски држави и дозволија на Украина да користи ракети со долг дострел на руска територија, дека Русија има право да возврати со оружје за масовно уништување против Киев и главните НАТО инсталации.
Медведев прокоментира дека ова веќе е Трета светска војна.
Медведев во објавата на својот Телеграм канал нагласува дека одлуката на администрацијата на Џо Бајден може да се оквалификува како напад на НАТО пактот врз Русија.
Употребата на ракетите на алијансата на овој начин сега може да се оквалификува како напад на земјите на блокот против Русија. Во овој случај Русија се повикува на правото да возврати со оружје за масовно уништување, против Киев и главните НАТО инсталации, каде и да се наоѓаат. Ова веќе е Трета светска војна – напиша Медведев.