Ја гледаме искреноста, и не само во она што Владата го кажува, туку и она што Владата го прави. Тоа е посветеноста на европските интеграции и реформите што се неопходни за неа, и тоа е нешто што САД го поддржува и ќе продолжиме да го поддржуваме“, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф, по заедничката средба со претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Според него, клучни сегменти во кои се неопходни реформи се владеењето ан правото и борбата против корупцијата. Тој подвлече дека САД сериозно ја сфаќа борбата против корупцијата и дека прашањето за црната листа за санцкии не може да го коментира, но тоа е приоритет на кои што работи американската администрација.

„Премиерот Мицкоски добро ја сфаќа моќта на корупцијата која ја поткопува довербата и за него борбата против корупцијата е од клучна важност, а и ние го цените тоа. Како сојузници во НАТО, нашето партнерство никогаш не било посилно. Му честитам на премиерот за исполнувањето на 2 проценти од БДП за одбраната, како и тековната поддршка за Украина“ изјави тој.

Касaноф истакна дека иднината на Македонија е светла и САД ќе продолжат со поддршката за исполнување на основните цели како просперитетна демократија, целосно интегрирана во ЕУ.

Ова е прва посета на Касаноф во Скопје, кој на оваа позиција дојде во јули годинава на местото на Ескобар, чиј мандат на оваа функција истече во мај годинава.