Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови каде ќе наврнат до 20 литри на квадратен метар. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и снег. Од недела до среда по котлините ќе има услови за појава на магла.
Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево од 12. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка 16 литри на метар квадратен. Четиринаесет литри на метар квадратен се измерени во Виница, 11 Пожар и Попова Шапка, 10 Пожаране, девет во Маврови Анови, Тетово, Берово и Крушево,… седум во Штип и Гевгелија, шест во Куманово и Лазарополе, пет во Скопје Петровец, Струмица, Дебар, Претор и Велес, четири во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Демир Капија, три во Кавадарци, два во Битола и Тополчани.
Како што информира изутринава Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, на Попова Шапка се измерени -1 степен, 1 во Лазарополе, 2 во Маврови Анови и Куманово, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Крива Паланка, 5 во Скопје-Петровец и Берово, 6 во Велес, Штип, Прилеп и Битола, 7 во Охрид, Претор, Виница, Кавадарци, Дебар и Струмица, 8 во Гевгелија, 9 во Демир Капија.