Првиот вицепремиер Изет Меџити, објави дека не се ризикува албанскиот јазик, пред седницата на Уставен суд во среда, реагирајќи на обвинувањата на ДУИ и Европскиот фронт.

„Изгоре лончето, претече млекото!

Албанскиот јазик не се ризикува, незаконското богатство на корумпираната клика на ДУИ стекнато на грб на Албанците ДА!

Албанскиот јазик нема да се оспорува, милионите на олигарсите на ДУИ ДА!

Албанскиот јазик е заштитен, коцкарските пари на корумпираната клика на ДУИ НЕ!

За сите оние кои деновиве врескаа како избезумени за да ги исплашат Албанците и се закануваат со дестабилизација, имам еден одговор: ИЗГОРЕ ЛОНЧЕТО, ПРЕТЕЧЕ МЛЕКОТО!

Бидете спокојни!“, напиша Меџити.