Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека апсолутно ќе размисли за повлекување на САД од НАТО.

Тој, исто така, најави за NBC дека планира да го прекине правото на американското државјанство веднаш по раѓањето.

Трамп рече дека уште првиот ден ќе ги помилува обвинетите за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, објави Ројтерс.

Новоизбраниот претседател на САД нагласи дека нема да ја ограничи достапноста на апчиња за ден потоа. Трамп рече дека нема да се обиде да го замени претседателот на Федералните резерви Џером Пауел по преземањето на функцијата.

Тој изјави дека неговата цел е да ги депортира сите имигранти кои нелегално влегле во САД за време на неговиот четиригодишен мандат.

Трамп победи на претседателските избори, кои се одржаа на 5 ноември, пред кандидатот на демократите и американски потпретседател Камала Харис. Тој ќе ја преземе функцијата претседател на 20 јануари 2025 година на церемонијата на инаугурација.