Шефот на НАТО предупреди дека алијансата не е подготвена за заканите со кои ќе се соочи од Русија во наредните години и дека е време да се префрли на воен модел на размислување.

Марк Руте, генералниот секретар на организацијата, рече дека членките на НАТО потрошиле повеќе од 3 oтсто од БДП за одбрана за време на Студената војна и тврди дека идните трошоци ќе мора да бидат многу повисоки од сегашните 2 проценти, кои ги пропишува Организацијата на Северноатлантскиот договор за нејзините членови.

„Русија се подготвува за долгорочна конфронтација, и со Украина и со нас“, рече Руте во говорот во Брисел.

„Не сме подготвени за она што ни доаѓа за четири до пет години“, рече генералниот секретар на НАТО и додаде:

„Време е да се префрлиме на воен начин на размислување и драстично да ги зголемиме одбранбеното производство и трошоците за одбраната“.

Тој додаде дека НАТО мора да биде јасен за амбициите на Кина и предупреди дека Пекинг значително ги зајакнува своите сили и го малтретира Тајван.

Руте додаде дека моменталната безбедносна ситуација е „најлошата во неговиот живот“.