ВО ПЕКИНГ ИЗНЕНАДЕНИ: Трамп го покани Си на инаугурацијата во јануари

/ 13.12.2024

Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да отпатува за Вашингтон следниот месец на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јавува Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на информирани извори.

Амбасадорот на Кина во САД и неговата сопруга се очекува да присуствуваат на инаугурацијата, како што е стандардна практика.

Извори за CBS News изјавија дека може да им се придружат и други официјални лица од Пекинг.

Според американската телевизија, поканата до Си, која била пренесена надвор од формалните дипломатски канали, ги изненадила и Пекинг и сојузниците на САД, во време на зголемена тензија во односите меѓу двете земји.

Претходно, прес-секретарот на Трамп, Каролин Ливти, потврди дека новоизбраниот американски претседател го поканил Си Џинпинг на неговата инаугурација, закажана за 20 јануари.


Од истата категорија